Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера од слобода е лишен малолетник поради тешка кражба. Тој се сомничи дека заедно со други пет малолетници од Шуто Оризари и Топанско Поле на 08.05.2023 на паркинг простор во Автокоманда го извршиле кривичното дело „тешка кражба”, при што со употреба на алат скршиле стакла на шест возила и одзеле предмети.
Тој е приведен во Полициско одделение Шуто Оризари, каде во присуство на родител, адвокат и инспектор по малолетници е извршен службен разговор во врска со кривичното дело.
Во изминатиот период службени разговори беа извршени и со петте други малолетници кои учествувале во извршувањето на ова кривично дело, и по целосно документирање на случајот ЕВР Гази Баба ќе поднесе соодветен поднесок.


