Реал Мадрид подготвен да плати 70 милиони фунти за Луис Суарез

Шпанскиот гигант Реал Мадрид е подготвен да ја плати клаузулата за обесштетување вредна 70 милиони фунти за напаѓачот на Ливерпул Луис Суарез, пренесуваат шпанските медиуми.

Суарез пред еден месец потпиша нов договор со Ливерпул, според кој неделно ќе заработува по 200 илјади фунти, сепак има клаузула за прекин на истиот, а клубот кој ќе сака да го доведе во своите редови ќе мора да му исплати на Ливерпул 70 милиони фунти.

Уругваецот, кој во моментов е најдобар стрелец во англиската Премиер лига со 20 постигнати голови (вкупно 24 во сите натпреварувања), во текот на минатото лето неколкупати изрази желба да го напушти „Енфилд’’, со образложение дека сака да игра во Лигата на шампионите, а дека со Ливерпул нема да има таква можност.

Сепак, екипата на Ливерпул сезонава игра одлично и е во позиција да брка едно од четирите места кои носат пласман во елитното европско клупско натпреварување.

Но, дали резултатите на Ливерпул ќе бидат доволни Суарез и натаму да остане член на англискиот клуб или предизвикот да се игра во „Кралскиот’’ Реал Мадрид ќе биде поголем ќе покаже времето.

]]>

Најчитани вести