Реал Мадрид прв полуфиналист на „Кралскиот куп“

Екипата на Реал Мадрид прва успеа да обезбеди пласман во полуфиналето на „кралскиот куп“ откако синоќа на домашен терен и во реваншот од четвртфиналето го победи Еспањол со 1:0.

Стрелец на единствениот гол во 7.минута беше Хесе.

И на првиот дуел Реал славеше со 1:0.

Вечерва се играат уште два реванш четвртфинални натпревара: Атлетико Билбао – Атлетико Мадрид (0:1 прв натпревар) и Барселона – Леванте (4:1).

Оваа рунда ќе биде комплетирана со утрешниот натпревар Сантандер – Реал Сосиедад (1:3).

Во полуфиналето Реал Мадрид ќе игра со поуспешниот од дуелот Атлетик Билбао – Атлетико Мадрид.

]]>

Најчитани вести