Со победата над Еспањол од 1:0, тимот на Реал Мадрид ја намали разликата на само три бода во однос на водечките Барселона и Атлетико Мадрид. Стрелец на победничкиот гол за „кралскиот клуб“ беше Бразилецот Пепе во 55.минута.
Гостите славеа уште на два вчерашни натпреварa од 19.коло во Примера: Хетафе – Рајо Ваљекано 0:1 и Бетис – Осасуна 1:2. Единствената победа на домашен терен ја постигна Леванте против Малага со 1:0.
Резултати на другите натпревари од оваа рунда: Гранада – Ваљадолид 4:0, Атлетик Билбао – Алмерија 6:1, Селта Виго – Валенсија 2:1, Атлетико Мадрид – Барселона 0:0 и Елче – Севиља 1:1.
Колото ќе биде комплетирано вечерва со дуелот Виљареал – Сосиедад (почеток 22 часот).
Табела: Барселона 50 бодови, Атлетико Мадрид 50, Реал Мадрид 47, Атлетик Билбао 36, Сосиедад 32, Виљареал 31, Севиља 30,
]]>


