Реал Сосиедад убедлив против Елче

Фудбалерите на Реал Сосиедад остварија убедлива победа од 4:0 над Елче на последниот натпревар од 21.коло на Примера. Домашната екипа по двата натпревара без триумф успеа да ги освои трите бодови.

Натпреварот го одбележа Антоине Гризман, кој постигна хет-трик (2.минута, 12 и 74), додека четвртиот гол го постигна Карлос Вела во 50.минута.

Реал Сосиедад остана на шестата позиција (36 бодови) на табелата која носи пласман во евро-куповите и само еден помалку од Виљареал.

Елче со 21 бод е на 17 место само едно над зоната за испаѓање. Под него се наоѓаат: Ваљадолид 19, Ваљекано 16 и Бетис 11.

]]>

Најчитани вести