Рибери и Бензема се спасија од затвор

Францускиот суд денеска донесе одлука да ги отфрли обвиненијата во врска со малолетничка проституција покренати против француските фудбалски репрезентативци Френк Рибери и Карим Бензема.

Како што јави Би-Би-Си судијата кој го водел овој случај пресудил дека двајцата фудбалери биле манипулирани од девојката за нејзината возраст и не биле свесни дека нивната придружничка Захија Дехар во тоа време била малолетна.

Играчот на Баерн Минхен Рибери и членот на Реал Мадрид Бензема беа обвинети за секс со Дехар кога таа имала само 17 години и се соочуваа со затворска казна од по три години, како и парична санкција од 45 илјади евра.

Захија дала исказ во корист на фудбалерите и придонела за нивното ослободување. Нејзиното објаснување пред истражните органи било дека ги излажала фудбалерите за нејзината возраст.

Според француските закони, плаќањето за секс е легално но само доколку девојката и мажот имаат минимум 18 години.

Денес Французинката со мароканско потекло има 21 година, а по секс аферата стана позната медиумска личност, а има и своја модна линија на долна женска облека.

]]>

Најчитани вести