Рокот за поднесување барања за субвенции за земјоделско и сточарско производство продолжен до 30 јуни. Надлежните велат дека најголем дел од земјоделците ги чекаат последните денови за да се пријават и покрај повикот од Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство навреме да аплицираат, поради што ќе им излезат во пресрет и ќе им дадат повеќе време.


