Двете првопласирани екипи во фудбалското првенство на Италија, Рома и Јувентус во меѓусебен дуел ќе решаваат која од нив ќе игра во полуфиналето на Купот на Италија. Предноста ќе ја има екипата на Рома која ќе биде домаќин во единствениот дуел од четврт-финалната рунда. Натпреварот Рома – Јувентус ќе се игра вечерва на стадионот „Олимпико’’ во Рим со почеток од 20 часот и 45 минути.
Милан и Удинезе својот натпревар ќе го играат утре, а за во четврток закажан е натпреварот меѓу Фиорентина и Сиена. Бранителот на трофејот од минатата сезона екипата на Лацио ќе има тешка задача да ја мине оваа фаза од натпреварувањето бидејќи римскиот клуб ќе гостува во Неапол кај Наполи во натпревар кој е закажан за 29 јануари.
]]>


