Екипите на Рома и на Удинезе се пласираа помеѓу осумте најдобри во „Копа Италија“ откако синоќа беа поуспешни од своите противници.
Во еден од дерби натпреварите на осминафиналната фаза Рома ја победи Сампдорија со 1:0 со голот на Василис Торосидис во 6.минута.
Со ист резултат Удинезе во Удине беше поуспешен од Интер. Стрелец на победничкиот гол беше Маикосуел во 32.минута.
На средбите одиграни порано: Јувентус – Авелино 3:0, Фиорентина – Киево 2:0.
Во вторник на 14 јануари играат Лацио – Парма.
Последните три натпревари од оваа фаза ќе се одиграат во среда (15 јануари): Катанија – Сиена, Милан – Специја и Наполи – Аталанта.
]]>


