Романски автобус излета од патот во Словенија, најмалку тројца загинати

Фото: Соботаинфо

Најмалку три лица загинаа, а повеќе се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи рано утринава на Помурската магистрала кон Марибор во Словенија, кај клучката Липовци. Несреќата се случила кога автобус со романски регистарски таблички излетал од патот, пренесоа локалните медиуми.

Како што информираше словенечката полиција на прес-конференцијата за тешката сообраќајна несреќа, службите во Марибор добиле информација неколку минути по 5 часот наутро.

Кога пристигнале на местото на несреќата утврдиле дека се превртел автобус со романски регистарски таблички и приколка.

„Несреќата е предизвана со нагло свртување на автобусот надесно, по што возилот се превртело. Во автобусот имало 26 патници и тројца возачи“, изјави Сузана Рауш.

Тројца патници починале од тешки повреди, а уште три лица се потешко повредени и пренесени во болница. Нивната здравствена состојба моментално е стабилна.

Возраста на починатите не е позната бидејќи се уште се утврдува нивниот идентитет.

Најчитани вести