Фудбалерите на Манчестер Јунајтед ја отворија новата сезона во Лигата на шампионите со гостувањето кај Јанг Бојс. По првите 45 минути, „Црвените ѓаволи“ поведоа со голот на Кристијано Роналдо постигнат во 13. минута, со брилијантна асистенција на неговиот сонародник Бруно Фернандес.
Пред почетокот на овој натпревар, додека се загревал за натпреварот Роналдо шутнал силен, но непрецизен шут, а топката завршила во еден член на обезбедувањето. Чуварот веднаш паднал на подот од болка, а останатите членови на обезбдувањето веднаш притрчале да му помогнат, како и самиот Роналдо.
Во групата Ф, покрај Манчестер Јунајтед и Јанг Бојс, се натпреваруваат и екипите на Аталанта и Вилареал.