Португалската фудбалска репрезентација првиот тренинг за претстојниот бараж дуел за СП против Шведска го одработи без присуство на капитенот Кристијано Роналдо.
Натпреварот ќе се одигра в петок, а играчот на Реал Мадрид вчера не тренираше поради повреда на стапалото.
Последниот збор околу тоа дали ќе може да игра Роналдо ќе го даде лекарскиот тим на португалската репрезентација.
Според медиумите во оваа земја, Португалците се во паника поради можноста да останат без помошта на Роналдо во обидот да обезбедат предност по првиот бараж за најголемиот светски спортски настан кој се случува еднаш во четири години.
Едно е сигурно, на Мундијалот во Бразил 2014 година нема да игра или ѕвездата на Португалија – Кристијано Роналдо или најголемата ѕвезда на Шведска – Златан Ибрахимовиќ.


