Екипата на Португалија утре во Порто ја пречекува Северна Македонија, а на денешната прес-конференцијата пред медиумите се појави Роналдо и португалскиот селектор Фернандо Сантос.
Сензацијата што ја направија Македонците во Палермо, изгледа ги предупреди Роналдо и екипата, но сепак за најдобриот адут на Португалците, нема дилема кој ќе утре ќе победи.
„Нашиот тим е полн со самодоверба, чувствувам дека играчите се подготвени“, изјави Роналдо.
„Играме против Северна Македонија и луѓето мислат дека ќе бидат лесен противник. Од моја перспектива, ова ќе биде исклучително тежок натпревар бидејќи Македонците се тука затоа што го заслужуваат тоа. Северна Македонија е многу организирана репрезентација, но ако Португалија одигра во своето најдобро светло, може да ја победи секоја репрезентација на светот“, рече Роналдо.
„Дали сме фаворити? Секогаш се сметам себеси и мојот тим за фаворит, без разлика дали играме како гости или дома. Знаеме дека победата води на Светското првенство. Македонците успеаја да изненадат на многу натпревари, но убеден сум дека овој пат нема. Ќе победи Португалија и ќе оди на Мундијалот. Светското првенство не може да се игра без Португалија“, додаде ѕвездата на Манчестер Јунајтед.
Запрашан дали Светското првенство во Катар ќе биде негов последен Мундијал, бидејќи тој ќе има 41 година за време на Светското првенство во 2026 година, Роналдо рече:
„Единствениот кој одлучува за мојата иднина сум јас. Ако сакам да играм, ќе играм. Ако не сакам, нема.”, заклучи Роналдо.
Кристијано, изгледа сакаше да каже, дека во фудбалот победува тој што ќе даде најмногу голови, а не тој што е фаворит. Па, момци давајте голови, без грижа на совест. Роналдо е еден, вие сте многу.
]]>


