Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека САД се во постојан контакт со Јамајка, Хаити, Доминиканската Република и Бахамите, кои се соочуваат со разорните последици од ураганот Мелиса.
„Нашите спасувачки и итни служби се упатени кон погодените подрачја заедно со клучни залихи за спасување животи“, објави Рубио на платформата Икс (поранешен Твитер).
Тој додаде дека мислите и молитвите на американскиот народ се со граѓаните на Карибите.
Родителите на Рубио, кој е по потекло Кубанец, се имигранти од Куба.
МИА


