Добро е кога во кич и режим до гуша, се пцуе по 25 год транзиција. Убав момент да се фати и да се лупа по приватизацијата, по почетоците на кражбите, по елитизмот, по корените на овој демонски криминал денес. Ем збориш вистина ем си безбеден. Ела фатете по Грујо и Сашо јавно, по Ставре, Горде и Миле, па после заедно ќе фатиме и по Бранко и Љубчо. А суштината на сето ова движење денес е толку едноставна – рушењето на оваа власт ќе биде прв историски момент за Македонија кога граѓаните ќе ја разберат својата улога. Ова е прв момент во 25 год транзиција каде секој од нас има шанси да биде дел од искуство низ која секоја напредна земја минала, пред да стане држава. Момент кога ќе се зема судбината во свои раце. Фокусот на настаните е битен во моментов. Сите знаеме кој е крив, но никој не сноси вина…Еве ни шанса да го смениме и тоа и системот на вреднување и разбирање, прв пат по 25 год. Не за да го изгубиме и тоа што го имаме, не за да седне Мурто, не за освета, а просто за да бидеме тоа што сме и да го правиме тоа за кое навистина не бива. Искрено, не знам колку е тоа можно – но нема ни да знам ако не пробам.
Фејсбук статус на Синоличка Трпкова


