Русија го освои Чернобил, војниците земале работници како заложници

Руската армија ја презела нуклеарната централа во Чернобил, која се наоѓа недалеку од границата со Белорусија, објавија украинските медиуми.

Информацијата ја потврди и советникот на украинскиот претседател Зеленски: „По жестока битка ја изгубивме контрола над Чернобил. Состојбата на нуклеарната централа и складирањето на нуклеарниот отпад е непозната“,

Хана Љубакова, новинарка од Белорусија, на Твитер објави дека руските сили ја презеле нуклеарната централа Чернобил. „Во електраната се заробени работници“, пишува Љубакова.

https://twitter.com/HannaLiubakova/status/1496868839941935112

Истата информација ја објави Кристо Грозев, наградуван истражувачки новинар и извршен директор на „Bellingcat“, истражувачка веб-страница.

https://twitter.com/HannaLiubakova/status/1496906494356426764

Претходно украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека руските сили ја нападнале областа Чернобил.

„Руските окупациски сили се обидуваат да ја освојат нуклеарната централа Чернобил. Нашите бранители ги даваат своите животи за да не се повтори трагедијата од 1986 година. За ова го информирав шведскиот премиер. Ова е објава на војна на цела Европа – напиша Зеленски на Твитер.

]]>

Најнови вести

Најново од Свет, Ударни вести

Најчитани вести