Рускиот производител на дијаманти Алроса продаде 16 отсто акции за 1,3 милијарди долари во рамки на најголемата иницијална јавна понуда ИПО во историјата на Московската берза. Странци биле купувачи на 80 отсто акции, а заменик премиерот на Русија Игор Шувалов рече дека најголемите инвестициски фондови Опенхајмер и Лазард купиле повеќе од 2 отсто акции секој.
Освен нив, според него во купувањето активно учество земал и Рускиот фонд на директни инвестиции РФП, кој успеа да привлече многу странски инвеститори. Во компанијата која управува со фондовите Опенхајмер имаат искуство со инвестирање во секторот за добивање на дијаманти.
До август 2012 година семејството Опенхајмер поседувало 40 отсто акции од корпорацијата Де Беерс, главен конкурент на Алроса.


