САД имаат информација дека 8.000 севернокорејски војници „моментално“ се во руската област Курск, изјави денеска пред Советот за безбедност на ОН, заменик постојаниот претставник на САД во организацијата Роберт Вуд.
„Со голема почит, имам прашање до мојот руски колега: Дали Русија продолжува да тврди дека нема војници на КНДР во Русија, праша Вуд
Рускиот претставник на средбата не одговорил на прашањето, јавија американските медиуми.
МИА


