Сафет Сушиќ има најниска плата во Европа, а во јуни го одбил Бешикташ и 2,5 милиони евра

Турскиот фудбалски гигант Бешикташ сакаше на својата клупа во јуни оваа година да го донесе Сафет Сушиќ, но тренерот на фудбалската репрезентација на БиХ ја одбил тогаш исклучително великодушната понуда на турскиот клуб.

Според порталот Reprezentacija.ba, Бешикташ на Сушиќ му понудил две-годишен договор вреден пет милиони марки (2,5 милиони евра), но посредниците кои имале задача да се поврзат со Папе (прекарот на Сушиќ), од босанскиот селектор добиле црвено светло.

Поточно, легендарниот Папе рекол дека тој ја почитува исклучително ласкавата понуда на Бешикташ, но дека е концентриран само на обврските кон фудбалскиот репрезентативен тим на Босна и Херцеговина и дека неговата единствена цел е да ги однесе змејовите на Светското првенство, и воопшто не сака да преговара за заминување од клупата на репрезентацијата на БиХ.

Бешикташ потоа се сврте кон Славен Билиќ, и направи добар потег, со оглед дека во моментов тие се четвртопласирана екипа во Турската Супер лига.

Запомнете, Сафет Сушиќ има најниска плата од сите европски тренери, но дури и многу примамливата понуда од Бешикташ не го поттикна да ја напушти клупата на змејовите, иако во тоа време пласманот на Босна и Херцеговина на Светското првенство во Бразил, се уште беше неизвесен.

Најчитани вести