Владата на Република Македонија конечно призна дека даночните приходи не се остваруваат со очекуваната динамика и дека со енормно големи и несразмерни казни не може да се задоволат големите апетити за трошење на народни пари. Ова е потврда за народната мудрост: Со сила убавина не бидува.
Се воскреснува одамна напуштената лотарија со фискалните сметки практикувана во годините по воведувањето на ДДВ, сега само со ново име: ,,Фискална на рака – награда без мака”. Во општата безидејност и отсуството на реформи во оданочувањето, за очекување беше организирање на наградна игра за инспекторите, кој повеќе жолти ленти ќе залепеше ,,Затворено од УЈП”, а наградната игра да беше насловена: ,,Фискална мака – закатанчена квака”.
Како тоа ниеднаш признание за раширената даночна евазија, за недоволната свест за издавање и добивање фискални сметки, кога досега бевме меѓу ,,водечките ” земји во Европа во оданочувањето и најпосакуваната даночна дестинација?
Кој признава пола му се простува, вели народната мудрост, ама промашување за половина е големо промашување.
Самка Ибраимоски, пратеник


