Санкционирани 294 возачи за брзо возење низ државата

Санкционирани се 294 возачи при вчерашната акциска контрола на Министерството за внатрешни работи низ државата, за санкционирање на возила што се движат со брзина поголема од дозволената,

– Од нив 13 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 159 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 135 надвор од населено место, се појаснува во соопштението.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Од МВР апелираат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да се придонесе за побезбедни патишта. 

МИА

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести