Саше Политико од понеделник започнува со нова емисија

Емисијата „Политико“ нов проект на Саше Ивановски – Политико, стартува во понеделник, 20 часот. Прв гостин ќе биде професорот Љубомир Данаилов Фрчкоски.

Емисијата ќе може да се следи во живо на порталот Мактел.мк, а гледачите ќе може да се јавуваат во живо преку телефон да поставуваат прашања или да изнесат свој став.

-Ќе го анализираме дневникот на Сител и слични други будалаштини на режимската пропаганда. Ќе зборуваме и на актуелни политички теми на денот и генерални теми кои се актуелни подолго време. Емисијата ќе оди секој ден од 20 до 22 часот. Следни гости ќе бидат новинарот Сашо Ордановски, проф. д-р Стево Пендаровски, проф. д-р Нано Ружин, проф. д-р Ѓорѓи Спасов итн итн. Ќе имаме јаки гости, јаки дебати, анализа на настапи на Груевски и настапи во собранието на режимски куртони итн итн. Може да ни се јавувате и преку Скајп. Ќе правиме и телефонски и скајп интервјуа. Ќе пробаме да реализираме и видео линк до седиштата на политичките партии во Скопје и во големите градови во земјава – вели Ивановски за својот нов проект.

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести