Сашко Петров: Откупот треба да се решава пред време, а не кога ќе почне да скапува грозјето

  • Пред три месеци на седница на совет побаравме вонредна седница на која ќе зборуваме за бербата која ни претстои за некој месец. И претседателот на Совет, не, не удостои, и нам, и лозарите со тоа што ќе закаже вонредна седница на совет. Бидејќи имавме лошо искуство од изминатите години затоа и баравме три месеци пред почетокот на бербата да се направи одредена комисија составена од советници, од сите политички партии, градоначалникот и претседателот на Совет. Комисијата требаше, три месеци пред почетокот на бербата да разговара со винариите, со министерството за земјоделие, со владата, се со цел да ја увиди состојбата и да подготви терен за откуп на грозјето во Тиквешијата. Но алармот светна во оној момент, кога владата го смени законот за вино, во оној момент кога на винариите им овозможи, грозјето наместо да биде исплатено за 3 месеци, винариите да можат откупеното грозје да го исплатат за 6 месеци. Во тој момент свативме ние како советници од СДСМ и сватија сите граѓани кои што се занимаваат со лозарство, дека и оваа година ќе ги очекува, непредвидена и мачна берба. И, сите гледаме во која насока се движи откупот на грозјето. Но како и лани, и оваа година во 5 до 12, во моменти кога почна да скапува грозјето по нивите, а винариите да ги држат своите врати затворени, а на далеку да се слуша плачот на лозарите, овие од ДПМНЕ решија да им дадат по 3 денари субвенција на винарските визби, демек да ги потикнеле винариите да откупат што е можно поголема количина на грозје. Замислите, две мерки со кои се субвенционираат винариите. Јас како советник, дадов предлог, напрво: – Состанок на сите советници и градоначалникот на плоштадот, со граѓаните. Состанокот да биде од отворен карактер. А не ние 20-мина демек најпаметни, скриени како глувци, во една од салите за состаноци во општинската зградна, седиме и мудруваме. Едноставно, бегаме и се криеме од граѓаните, од истите оние граѓани кои ни дадоја доверба на избори за да ги решаваме нивните проблеми. (Состанок, градоначалникот организирал во неделата во 20:00 часот), во салата каде се одржуваат седниците на совет, но наместо вистинските земјоделци (со исклучок на поединци) биле повикани членови на ДПМНЕ). Каде е состанокот на кој ќе биде повикано целото Кавадарци? Каде се членовите на советот? Во Кавадарци имаме регистрирано 6000 трактори. Со тие 6 000 трактори, сигурно дворовите не си ги ораат кавадарчани, туку лозовите насади. Значи дека во Кавадарци имаме 6000 фамилии кои дирекно се занимаваат со лозарство, по 4 членови во семејството, тоа се 24 000 граѓани кои дирекно зависат од откупот на грозјето. – Побарав, наместо спектакуларно најавуваното “Панорамско Тркало“, кое што чини 18 милиони евра, со дел од тие финансиски средства во износ од 8-10 милиони евра дирекно да се одвојат за интервентен откуп. Винариите да го откупат и последниот килограм на грозје, лозарите да ги добијат парите за предаеното грозје за една недела во полн износ, а винариите да направат вински дестилат. Државата да си го откупи тој вински дестилат и да го складира во државните резерви. Само на тој начин можеме да го решиме проблемот со грозјето. Во спротивно 24 000 граѓани ќе се соочат со финансиски крах.

     Сашко Петров, советник во Општина Кавадарци од редовите на СДСМ.

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести