Демант на објавен текст во kurir.mk од ОО СДСМ Демир Капија:
“Не се точни обвинувањата што се објавени на порталот КУРИР.МК на ден 22.10.2017 година спрема нас од страна на Драги и Цонка Јованови. Точно е дека поминувавме покрај куќата на Фамилијата Јованови во момент кога влезе Кандидатот за Градоначалник Трајче Димитриевски заедно со носителот на листата за ВМРО ДПМНЕ Мојсов Петар, меѓутоа во ниту еден момент немавме никаква вербална расправија, односно не излеговме од нашето возило , не влеговме во приватен имот, немавме личен контакт.Цело тоа што е изјавено на порталот КУРИР се невистини, лаги и КЛЕВЕТИ дека сме извадиле пиштол само за да му биде наштетено на кандидатот за Градоначалник од СДСМ како и да ги нарушат нашиот углед и чест. Истите имаат дадено лажен исказ и истото може да се провери во органите на МВР од причина што бевме застанати од овластени службени лица и бевме легитимирани и не беше најдено ништо кај нас. Исто така на јавноста во Демир Капија добро и се познати фамилијата Јованови како и блиските релации со кандидатот за Градоначалник Трајче Димитриевски и носителот на листата за ВМРО ДПМНЕ Мојсов Петар. Да повториме, ова е само една голема измислица, лага и клевета.”


