Претседателот на СДСМ Зоран Заев и генералниот секретар Љупчо Николовски денеска се сретнаа со претседатели и претставници на партиите во коалицијата Можеме.
Од страна на коалициските партнери беше дадена целосна поддршка за Договорот за коалицирање со партијата ДУИ, како и вредностите и принципите кои произлегуваат од него, во насока на брза трансформација на државата.
Квалитетни, чесни, и одговорни кадри ќе бидат предложени од сите политички субјекти во коалицијата Можеме, кадри кои се подготвени во целост да ги испорачаат програмските определби и принципи на новата Влада.