Доколку договорот од Пржино пропадне Македонија ќе потони во хаос. Нема да има избори,а опозицијата тврди дека секој ден ќе соопштува бомби. Спрема тоа што го дознавме од дипломатите, таквата ситуација ќе биде на борба на живот и смрт но сепак темпото и условите ги дикитираат тие што го поседуваат парите.
Никогаш небило поразлично на овие простори барем од 1945 до денес.
Од Вмро-Дпмне пак имаат два услови, првиот да нема бомби, а вториот е да нема кривични до избори. Кривичните би влијаеле на изборниот процес, тоа е нивното објаснување.
Законот кој го предлагаат за забрана на бомбите не може да помине во нити една земја во светот а најмалку Хан има некаков мандат да го прифати.
ЕУ Институција или Хан коj е дел од тие институции е смешно да го прифати ова, а да не зборувам за Бејли и УСА.
Во случајот на Сноуден тие беа погодени не од шпијунажата на Сноуден туку од тоа да Сноуден им ги откри методите на работа кои директно се поврзани со трошењето на парите на даночните обврзници, а тоа се милијарди долари. Ние сеуште ова не го разбираме и не сме доволно созреани.
Заради Македонија, Груевски треба да се откаже од овој закон но СДСМ не смее да бомбите ,новите бомби поточно ги користи до Изборниот процес. Ние сме сепак влезени во избори.
АКо нема договор ,нема да има пари. Македонија нема да добие извештај што значи дека економски не можеме да издржиме до ова време другата година без пари или скапи пари.
Во таков развој кој е во фајл од социјален тип ЕУ нема да може да измисли ново Пржино.
УСА нема да може да предизвика повторно седнување на маса без Техничка влада во која нема да биде Вмро-Дпмне нити Груевски нити Ахмети.
Се враќаме пак на првичните позиции дека немање на договор предизвикува експертска влада без партиите внатре. А тогаш никој нема да праша за составот на таа влада нити Вмро-Дпмне нити СДСМ, тоа ќе биде влада на национален спас каде тимот на Катица или слична ќе треба да има уште 100 други обвинители повеќе од сега ,а таквата влада ќе е далеку од желбите и на Вмро-Дпмне и на СДСМ.
Денес е можеби цајтнот и да се надеваме дека ситуацијата ќе се реши.
Фејсбук статус на Даме Чкатроски


