Апел за помош во пронаоѓање на тинејџер од скопската населба Чаир се шири на социјалните мрежи. Како што стои во објавите, се работи петнаесетгодишното момче Фазли Фатлиу, а за било какви информации за негово пронаоѓање да се контактира на телефонскиот број 071/289 – 129.
– Од вчера во 16:00 часот ова момче го нема, се вика Фазли Фатлиу, има 15 години, носи портокалова маица и црни фармерки! Ве молиме да не информирате доколку сте го виделе некаде, контакт: 071 289 129 – пишува во објавата споделена на „Фејсбук“ во групата „Шкупи“.
Исчезнувањето е пријавено и во МВР.


