Се е според законот

Јас можам да посведочам дека парите ( 12.000 евра за шест месеци) што Силванева Бонева ги зела од касата на Државната идиотска комисија, се исплатени согласно законот, еве, сега е во собраниска процедура законот според кој за едно патување од Струмица до Скопје, Силванева ќе може да наплати 3.458.729 евра ако патува преку Владивосток и 8.987.897 евра ако поради проблеми на патот преку Владивосток мора да патува по обиколницата преку Јоханесбург.
И не само тоа, почитувани пријатели, на овој ѕид некој стигнал да залепи тапет од кој се гледа дека и Коста Крпач се самоубил согласно законот, дека и поплавата во Стајковци е чистокрвна законска операција, мртвите во Диво Насеље се чиста последица на законот, Финзи е законска фирма, воопшто Македонија е една строга правна држава во која човек ни говна не може да се налапа, а да не му обезбедат законско покритие.

Фејсбук статус на Силвана Бонева

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести