Семејството на момчето Коста Кечмановиќ кое уби 10 лица во училиштето „Владислав Рибникар“ во населбата Врачар во Белград, упати сочувство до семејствата на загинатите.
„На тој 3 мај завладеа вечна тишина по која секојдневно плачеме, неми од неизлечива болка и тага, за секое невино дете што загина и за Драган, кој со толку љубов се грижеше за децата. Длабоко и искрено жалиме и упатуваме сочувство до секое семејство за нивната загуба, која е и наша загуба. Засекогаш во тага“, соопшти семејството на момчето преку нивниот адвокат.


