Се почитуваат договорените откупни цени на пиперката куртовска капија во Струмичко

Се почитуваат договорените откупни цени на пиперката „куртовска капија“ кои заеднички ги утврдија министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски и откупувачите на 30 минатиот месец во Струмица.

Пиперката „куртовска капија“ или „ајварка“ се откупува за 45 денари за килограм прва класа, прва и втора 35, втора 20 и за трета 15 денари за килограм, додека екстра класата се откупува за 50-55 денари за килограм.

Според откупувачите, договорените цени максимално се почитуваат и тоа на нивно и задоволство на производителите, а најмногу интерес за македонската куртовска капија има од Србија, Хрватска и Бугарија.

-Откупувачите се придржуваат на договорените откупни цени и тоа е добро и што е најважно понудениот квалитет на пиперката куртовска капија е многу добар и соодветно се селектира според класата. Се надеваме дека таквиот тренд ќе продолжи до крајот на сезоната, велат производители на оваа пиперка.

Откупувачите апелираат до земјоделците да не брзат со бербите и во периодот од 1 до 20 септември да пристапат на берење на договореното производство.

Во споредба со лани откупните цени се зголеми од 13 до 15 отсто, односно цената е зголемена за околу 5 денари за килограм и плус од досегашните 3 производителите ќе добиваат по 4 денари за предаден килограм пиперка на откупните пунктови.

Инаку, годинава се очекува производство на околу 60 до 65 милиони килограми „куртовска капија“.

МИА

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести