Се појави документ што открива дека Ѓоковиќ не е виновен за скандалот во Мелбурн

Во јавноста се појави документ кој може да го спаси српскиот тенисер. Поточно, објавени се сите барања кои Тенискиот сојуз на Австралија ги имал за трунирот упатени до тенисерите кои имаат намера да учевствуваат, а сето тоа им било проследено по електронска пошта.

Во документот кој на 7 декември бил доставен до тенисерите пишувало дека секој кој го прележал вирусот во последните шест месеци, односно до 31 јули 2021 година може да настапува на турнирот, но тоа било погрешно.

Федералната влада еден месец претходно испратила известување до тенискиот сојуз дека тоа нема да биде доволен услов за медицински исклучок, но тоа не било наведено до документот доставен до тенисерите.

Проблемот во целата ситуација е што вината се префрла на Тениската асоцијација на Австралија.

Таа е-пошта е испратена на 7 декември 2021 година, откако австралиските власти веќе ги известиле дека тоа што некој прежал Ковид 19 не е доволно за дозвола. Во сето ова најкритично е времето, бидејќи покажува дека всушност за сето ова е виновна австралиската Тениска федерација.

Она што е особено интересно е што се бараат две медицински ослободувања, првото за влез во Австралија, а другото за учество на турнирот.

Ѓоковиќ ги имал и двете ослободувања, бидејќи без нив немало ни да се качи во авионот и да се упати на друг континент.

]]>

Најчитани вести