Се зголемува капитациониот бод од 33 отсто за матичните доктори од општа медицина и гинекологија почнувајќи од априлската плата општите лекари од 75 на 100 денари, додека за стоматологија од 61 на 75 денари
Со растот на финансиите се зголемуваат очекувањата за работата и продуктивноста на лекарите, како и конролите на рецептите и боледувањата нагласи директорот на ФЗОМ Сашо Клековски.
-МЗ веќе донесе пет протоколи за примарното здравство, вклучувајќи кардиоваскуларни и слични болести кои ќе значат поголемо внимание на матичните доктори кон овие болести. Дополнително, за тоа Фондот воведува нови цели за превенција и рано откривање на малигни заболувања на простата, дебело црево и грло на матка кои треба да делуваат во синергија со превентивните програми на МЗ. Сашо Клековски – директор на ФЗОМ.
Инаку, Светскиот ден на здравјето се одбележува на 7 април. Годинава фокусот е на здравјето на новороденчињата и мајките.


