Седумина мигранти од Сирија повредени при сообраќајна несреќа кај Дојран

На 17.07.2023 vо 15.10 часoт на регионалниот пат Нов Дојран – Валандово, на место викано „Фурска чешма“, пред крстосницата за с.Дедели, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин Стар Дојран забележале патничко возило „форд мондео“ во кое се превезувале мигранти. Откако ги забележал полициските службеници, возачот се обидел да избега, но набргу со возилото излетал од патот и го напуштил местото. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобило едно лице мигрант,  додека со телесни се здобиле шест лица мигранти, сите од Сирија, од кои тројца малолетници, констатирани во Здравствен дом Гевгелија. Увид на местото извршила екипа од ОВР Валандово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести