Од просторот за паркирање, на дрвената тераса пред бараката во Орешани, довлечкав четири големи саксии. Во едната имам магнолија во втората бамбус, а во останатите две саксии не знам што имам односно не знам како се викаат убавите растенија во нив. Нејсе. Два часа ги разместував во милион варијанти, напред на терасата три, десно едно растение, бамбусот со магнолијата лево, дргите две десно и така натаму и се нешто ми фалеше, ниту еден распоред не ми се бендисуваше. Почнав да мислам дека е најдобро да ги вратам на паркингот или да купам некои нови аранжмани за терасата. Но, во последниот обид, како да се отвори некаков небесен сервис од кај што ми порачаа: обиди се уште вака, да, тоа е тоа, Тричко, ова и од небото се гледа колку е убаво.
Како да бев решил некоја огромна терасаста и цветна рубикова коцка. Бев задоволен како кога вмро- дпмне паѓаше од власт или како кога собрав пари да си купам “ Линдберг” очила и “Бампи” патики на “Дискуард 2”.
Хахаха.
Наравоучение:
Убавината во животот се остварува со мачно комбинирање на елементите што ги имаш и на тие елементи со тебе.
Луѓето немаат трпение, енергија и имагинација и затоа постојано мислат дека им недостасуваат елементи.
Не, секој човек има се, новите елементи не му се неопходни макар што можат да бидат добредојдени, се разбира. Имам впечаток дека тие, мислам на новите, и доаѓаат, откако човек прво ќе ги среди оние што ги има.
Sent from my iPad
Фејсбук статус на Бранко Тричковски



