Земјоделците од Мало Коњари ги фрлија пиперките во канал

Цела приколка пиперки денеска завршија в канал кај прилепското село Мало Коњари. Со оваа акција револтираните производители сакаа да го привлечат вниманието на јавноста за своите маки. Велат дека откупните цени кои им се нудат се надвор од секоја логика и не може да им ги покријат од трошоците.

– Лани килограм пиперки се откупуваше по 28 денари, а годинава ни нудат по 15. Тоа е страшно – велат производителите.

Извор: Плусинфо

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести