Републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп, беше гостин во интервјуто со Такер Карлсон, каде што зборуваа за многу работи, како и за тоа дека Илон Маск и Роберт Кенеди помладиот можат да бидат „влијателни личност“ во неговата втора администрација ако победи на изборите на 5 ноември.
Трамп, исто така, ја критикуваше својата ривалка Камала Харис.
Карлсон побара од Трамп да ги разјасни шпекулациите дали ќе го ангажира Маск, сопственикот на Тесла, кој го поддржа и вложи десетици милиони долари во неговата кампања. Тој, исто така, го праша за можната улога на Кенеди Џуниор, кој првично беше независен кандидат за претседател пред да ја прекине кампањата и да го поддржи Трамп во август.
„Дали мислите дека Боби Кенеди и Илон Маск ќе бидат влијателни личности, без да прецизирате какви ќе бидат нивните улоги во администрацијата? – праша Карлсон.
„ Да, ќе бидат“, одговори Трамп.
Неодамнешните анкети покажаа дека тој има мало водство во Аризона, а разговорот со Карлсон беше најавен како собирање средства за закрепнување од ураганот Хелена.
Карлсон, поранешен водител на Фокс њуз, разговараше со Трамп во пријателска атмосфера, пофалувајќи го пред толпата поддржувачи во затворената арена со капацитет од 19.000 луѓе во Глендејл, предградие на Феникс.
Поранешниот претседател помина голем дел од интервјуто критикувајќи ги своите противници, нарекувајќи ја Харис „личност со низок коефициент на интелигенција“, додавајќи дека таа е „глупава како камен“.
Карлсон напомена дека според него, ФБИ и ЦИА работат против Трамп во име на Демократската партија од моментот кога тој беше избран во 2016 година и се уште работат.
Трамп зборуваше за неговото тврдење дека има „непријатели внатре“, како што ги нарекува неговите политички противници, и дека тие се навистина опасни, Харис претходно го нападна Трамп поради тие тврдења, нарекувајќи го фашист кој бара „неконтролирана моќ“.
Според резултатите од анкетите, Трам и Харис се многу блиску.


