Со натпреварот Шолнок – Цибона вечерва од 18 часот ќе започне 16.коло во регионалната кошаркарска АБА лига.
Македонскиот претставник МЗТ Скопје Аеродром својот дуел од оваа рунда ќе го има утревечер (21 часот) кога ќе гостува во Подгорица кај црногорскиот шампион Будуќност.
Освен дуелот во Подгорица утре ќе се одиграат уште три натпревари: Олимпија – Широки, Раднички – Црвена Звезда и Цедевита – Задар.
16.коло ќе се комплетира в недела со натпреварите Игокеа – Мега Визура и Партизан – Крка.
Табела: Црвена Звезда 12-3 (победи-порази), Партизан 11-4, Цедевита 11-4, Будучност 10-5, Цибона 9-6, Игокеа 8-7, МЗТ Скопје Аеродром 7-8, Крка 6-9, Мега Визура 6-9, Раднички 6-9, Унион Олимпија 5-10, Шолнок 5-10, Задар 5-10 и Широки 4-11.
]]>


