Што е ИПАРД и како да искористите ГРАНТ за вашата инвестиција

ИПАРД е програма финансирана 80% од европски пари и 20% од буџетот на нашата држава. Досега се реализираа ИПАРД 1 и ИПАРД 2, а до 2027 година на располагање ни е ИПАРД 3 со фонд од близу 100 милиони евра.

Се додека не станеме членка на ЕУ (а како изгледа, нема да биде брзо ) европската поддршка ќе биде преку програмата ИПАРД. Затоа да ги искористиме максимално овие средства за модернизација на македонскиот аграр и за поголем рурален развој.

Важно е да се напомене дека кога ќе се спомне ИПАРД веднаш се мисли дека е тоа само за инвестиции во земјоделско производство наменети за земјоделци, што не е точно, може да аплицира секој. Мерките на ИПАРД се поделени според типот на инвестиции во различни сектори и за рурален развој и за оваа подршка може да аплицирате како физичко лице или преку фирма. Исто така годините не играат улога. Потребно е да се исполнат условите кои ги бара ИПАРД, околу документација, градежни и други дозволи, понуди и се она што се бара во повикот, а за што ќе ви помогнат професионалните консултанти со кои соработуваме. Единствено, инвестициите преку Мерка 7 мора да бидат во Рурално подрачје до 30 000 жители. Табелата да проверите дали градот, селото или населеното место е во рурални подрачја, имате на следниот линк.

Мерка 1 – Инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства

Мерка 3 – Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи

Мерка 7 -„Диверзификација на фарми и развој на бизниси“

Што е важно да се знае.

ИПАРД програмата е поврат на средства, што значи мора да имате пари, дали сопствени или кредит кои ќе ги инвестирате за после реализација на инвестицијата да ви бидат вратени средствата. Ново со ИПАРД 3 е поволноста да искористите 30 – 50 % авансно од оние пари што ги побарувате од ИПАРД ако ги исполните условите за тоа.

За да не ви биде многу комплицирано и да не се барате низ мерките, ви предлагаме соработка со Агротим која ќе ни кажете каква инвестиција планирате (фарма, хотел, рибник, откупен центар, нов насад…) и консултантите со кои соработуваме ќе ве упатат во која мерка влегува вашата инвестиција, за кога е најавен повикот и какви услови треба да се исполнат.

Најважно е да знаете дека кога ќе планирате инвестиција прво треба да склучите договор со консултант кој ќе ве води понатаму низ целиот процес ( соработка со архитектите ако има градба или во обезбедувањето на понудите и другата потребна документација). Ова ви е важно затоа што најголем процент од апликациите се одбиваат за некомплетност на документацијата.

Бидете конкретни, со идеја но и план за реализација и почетни средства за вашата инвестиција. Можноста е тука, не ја пропуштајте.

Телефон на кој можете да ни се обратите е 071 225 345

Ленче Николовска

Агротим

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести