Штрајкуваат стотината вработени во грчката фирма Актор која работи на изградба на автопатот Демир капија – Смоквица, бидејќи не земале плата за два месеци.
Името на „Актор“ стана актуелно во македонските медиуми пред две години кога опозициската СДСМ обвини дека од македонски банкарски сметки на грчката фирма незаконски биле извлечени 3,5 милиони евра.. Обвинителството не отвори истрага, иако велеше дека ќе обезбедува докази.
Грчката градежна фирма во 2012 година го доби тендерот за изградба на 28 – километарската делница, иако нејзината понуда од вкупно 270 милиони евра не беше најниска.


