Продолжува шверцот со домати и краставици, алармираат домашните производители. и бараат надлежните институции да истражат кој врши шверц на овие раноградинарски производи од Грција.
Производителите на домати и краставици тврдат дека дел од македонските увозници на овие производи, при увозот од Грција во фактурата прикажуваат дека увезуваат портокали, а во камионите има и домати и краставици. Според агробизнисмените, на овој начин тие производи стигнуваат на домашниот пазар со пониски цени бидејќи за портокалите нема царина, а за краставиците и доматите се плаќа царина која што е различна во одреден период од годината.
-Нелојалната конкуренција во континуитет ги руши цените на домашните производители. Ние како производител се соочуваме со зголемени производствени трошоци но и понатаму се трудиме да го одржиме истото ниво на пороизводство. За нас секогаш конкуренцијата претставува шанса за се поголемо докажување и усовршување на пазарот стремејќи се кон постојано усовршување на производствените процеси. Постојано изнаоѓаме решенија како би го направиле производството попродуктивно, се разбира со константен квалитет. Но кога станува збор за нелојалната конкуренција мора да признаеме дека тешко кој може да го издржи тој притисок. Имаме информациија дека во изминатиов период дел од фирмите увозници во документацијата за извоз приложуваат увоз на портокали за кои трошоците за увоз се многу пониски, споредбено со трошоците за увоз на домати и краставици и како такви практично пристигаат на пазарот кај нас со многу пониски цени на кои ние како домашни производители неможеме да бидеме конкурентни. Ние како производители ја губиме можноста за еднаквост на пазарот во однос на цената, посочуваат од оранжериите „Зелена Куќа” за ФАКТОР.

Производителите велат дека надлежните мора да реагираат, но посочуваат да се изврши и контрола на Кванташкиот пазар.
-Овој шверц не е од сега.Инспекторите треба да проверат што се случува на Кванташкиот пазар, таму се прави најголемиот криминал, нема фискални сметки, се работи на црно , се увезуваат раноградинарски производи од Албанија, Турција и Грција. Треба да се провери каков е квалитетот и безбедноста на тие производи таму, дали знаеме воопшто што се увезува.
На граничните премини, освен цариниците,увозот на храна го контролираат и инспектори од Фитосанитарната управа и Агенцијата за храна. Информациите за шверц на домати и краставици го отвораат прашањето за безбедноста и квалитетот на овие производи.

– Шверцот се прави на начин што во предниот дел на камионот ги товараат производите кои сакаат да ги сокријат, а од задниот дел каде што е достапен за контрола се товараат производите кои се со мали давачки кон државата, најчесто јужно овошје и други градинарски култури. Од мое долгогодишно искуство како фитосанитарен инспектор на граничен премин Табановце и поранешен раководите на фитосанитарната инспекција, можам да кажам дека е голема веројатноста тие да се во право. Ако има шверц тоа веднаш се забележува на пазарот според цената на производите на увозните кои се пониски од производната цена на домашното производство, што на старт е симтоматично имајќи предвид дека за овие производи има високи царини, а дополнително трговецот, увозникот треба да плати и транспорт и други давачка кон државата, односно кон институциите кои се надлежни за контрола на увозните производи. Пратката од увоз составена од земјоделски производи подлежи на три контроли составени од фитосанитарен инспектор, инспектор од Агенцијата за храна и ветеринарство и при истовар на истата, а по претходно пријавена на ЕXИМ системот за контролата на квалитетните својства на производите и декларациите на производите, ја контролира земјоделски инспектор за квалитет. Освен што се загрозува домашното производство со рушење на цената, најзагрижувачки е фактот што овие производи не се контролираат и граѓаните немаат сознанија со каков квалитет се овие увозни домати и краставици, вели Томе Мојсовски, советник во кабинетот на дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Текстот во целост на : ФАКТОР.


