Момче (11) е повредено денеска при снежното невреме што го зафати Сплит.
Додека седело на клупата за резервни играчи, во еден момент ненадеен и силен удар на бура ја превртел клупата, заедно со момчето кое седело на неа, пишува Слободна Далмација.
Момчето останало да лежи, но било при свест.
Веднаш била повикана Брза помош и пожарникари, кои брзо пристигнале на игралиштето и го однеле во болница.
Извор: blic.rs


