„Синпекс“ организира презентација на најновите достигнувања во земјоделската механизација

Компанијата „Синпекс“ застапник на повеќе светски брендови од областа на земјоделската механизација организира презентација на која земјоделците ќе имаат можност да се запознаат со новитетите од оваа област.

– Со голема чест и задоволство Ви ја најавуваме презентацијата за најновите достигнувања во светот на земјоделската механизација, организирана токму од СИНПЕКС, а која ќе се одржи во среда 17.06.2015 година, на Стопанскиот аеродром БОНИЕР  (с. Пеширево), на влезот во Св. Николе, со почеток во 11 часот.
Ве очекуваме на презентација и демонстрација на механизацијата, и секако на заедничко дружење со закуска  – најавуваат од „Синпекс“.

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести