Сите бевме другари, Никола, Љубомир, Ненад, Абдула, Сафет…

Денес се вратив од мојот роден крај. Иако на кратко, меѓутоа нормално, не можев да не забележам дека се говореше на Македонски , Албански, Турски … Она што го забележав е тоа дека тие не разбираа се, а ние не ги разбиравме нив, ниту збор.
Каде згрешивме?
Е мој роден крај, измачуван, иселен и донесен до немаштија, толку тврдокорно бранет … меѓутоа неодбранет!
Горд сум на тоа што сум се родил, растев, се школував и израснав во една мултиетничка средина, каде толеранцијата и меѓусебната доверба беше секојдневие и врвен приоритет.
Школскиот беше школски, другарот беше другар, сите се сакавме. Не се делевме на Македонци, Албанци, Срби, Роми …
Сите бевме другари, Никола, Љубомир, Ненад, Абдула, Сафет, Зафир, Харман … и ден денес се гледаме и си прераскажуваме за убавите времиња.
А денес … денес не Ви смета криминалното дивеење на груевски, раскрчмувањето на татковината и богатењето на фамилијата, денес не Ви смета закрвувањето помеѓу другарите … а Ви смета двојазичноста на патоказните табли … согласно Законот за употреба на јазиците донесен од владата предводена од груевски.
Ќе го надминеме и тоа пизмење, верувам во моите пријатели, ќе има живот за сите!

Фејсбук статус на Синиша Илиоски

aa aaa aaaa

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести