Сите земјоделци што се жалат се во право, само требаше многу порано

азвој. За жал, можам да констатирам дека речиси сите земјоделски гранки се во надолна линија и она што сега најмногу работиме е нивна стабилизација. Ние всушност почнуваме од нула (еден агробизнисмен ми вели од минус) , заедно со чинителите во одреден сектор. Дали е откуп на јагнешко, пласман на зелка, цена на млеко, сеидба на ориз, очекувана жетва на пченица…секаде почнуваме со констатацијата дека состојбата е лоша и хаотична и треба најнапред производството да го поставиме на добра основа, да знаеме што сакаме и како да го направиме тоа. Во овие заложби на владата директно учествуваат земјоделците, агробизнисмените, трговците, откупувачите…секој со своите проблеми и решенија. Во земјоделското производство нема спектакуларни резултати за неколку месеци, но годинава ќе  може да се види правецот по кој се движиме. Полесно е потоа, од добро, да направиме уште подобро. Во меѓувреме, земјоделците ќе се жалат. И со право, но требаше многу порано, така ќе ни беше полесно сега да се извлечеме од ситуација во која се наоѓа вкупниот аграр. Ленче Николовска Посебен советник за земјоделство, шумарство и водостопанство на Претседателот на Владата]]>

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести