По тројцата атлетичари и атлетичарки останаа во конкуренција за освојување на наградата најуспешни во светот за 2013 година.
Меѓународната атлетска федерација кај мажите ги номинира: спринтерот Усеин Болт од Јамајка, британскиот тркач на 5.000 и на 10.000 метри Мо Фарах и скокачот во височина Богдан Бондаренко.
Кај дамите во конкуренција за наградите се: Валери Адамс од Нов Зелнд (фрлање ѓуле), спринтерката од Јамајка Шели – Ен Фрејзер – Прајс и Сузана Хејнова од Чешка, која се натпреварува во дисциплината 400 метри со пречки.
Наградите за најуспешните ќе бидат доделени на свеченост што на 16 ноември ќе се одржи во Монако.


