Следува рецепт за топчиња кои комбинираат железо и фолна киселина од коприви, витамин Ц од лимони кој ја подобрува апсорпцијата, антиоксиданси и магнезиум од какао во прав, квалитетни протеини и здрави масти од јаткасти плодови, како и природна енергија и минерали од мед и урми, и тие се одлична помош во борбата против анемија, открива нутриционистката Тијана Младеновиќ на својот Инстаграм профил.
Топчиња против анемија
Ќе ви бидат потребни (за 16 топчиња)
200 г мелени лешници
2 лажици какао во прав
2 лажици чај од коприва (или мелени суви листови)
100 г мед
100 г урми
сок од еден лимон

Подготовка
Иситнете ги оревите во блендер. Во сад измешајте ги оревите и какаото во прав. Додадете мед, сок од лимон и сечкани урми, а потоа измешајте сè додека не добиете хомогена смеса. Формирајте топчиња, извалкајте ги по желба во какао или сечкани ореви. Чувајте во фрижидер и земајте по две топчиња дневно, објави српски Курир.
Овие топчиња се едноставни, хранливи и функционални, совршена ужина или додаток во исхраната за анемија, додава нутриционистката.
– Препораката е две топчиња дневно, но индивидуалните потреби може да се разликуваат, па затоа секогаш се препорачува консултација со лекар или стручно лице – советува Тијана Младеновиќ.


