Слободата на говор никој не ти ја дава

 

Таа се стекнува со раѓање, никој не ја дава никој не ја зема. Вредноста на животот се мери со вредноста и способноста на изразување кое секогаш е креативно, никогаш деструктивно. Деструктивниот говор набиен со чувства на негирање и инвалидизирање на некоја состојба или индивидуа укажува на дисфункционалност и тешкотија во изразувањето. Штом лицето има потешкотија во изразувањето и се чувствува не слободен да ги каже креативно сопствените ставови таа станува агресивна, или саркастична, или навредува.

Без слобода на говор и искреност кон сопствените ставови и мисли не постои разговор и преговарање. Може да преговараат само функционални личности кои имаат заедничка повисока цел, ако заедничка повисока цел која ги надминува личните интереси . Не постои договор и преговарање и не може истиот да се случиако преговарањето е исклучиво борба за лични интереси. Тогаш секој влече на своја страна. Не може да се случи договор и ако едната страна има повисоки цели а другата нема. Не може да се случи договор ако страните глумат повисоки интереси а всушност имаат во себе скриена агенда која сакаат да се спроведе. Најстрашното е што во внатрешната анализа поаѓаат од себе па мислат дека секој друг има скриена агенда која што сака да ја спроведе што резултира во меѓусебно напаѓање и барање вина во другиот.

Излезот е во работата на себе. Отворање на сопствениот ум, за да може да се отвори и центарот за изразување и слободно размислување кој секогаш се затвора кога индивидуата направила некоја акција која е неетична и кон самиот себе и кон другиот. Современата наука тоа го нарекува повлекување со една цел да се заштити иднивидуата затоа што таа тошчно знае дека прави нешто што е нечесно за другите. Следната фаза на повлекувањето е нападот и тоа нападот на личносната сфера на другиот се со една цел, да се оправдаат сопствените постапки. Така веднаш можете да причитате некого. Што повеќе и погласно напаѓа некоја единка , група или појава, истата само се огрешила во онос на тие што ги напаѓа. Таа самата себе си си ја олеснува живеачката и (дис)функционирањето во општеството. За жал тоа однесување не се завршува со стопирање, затоа што тоа води кон фрустрација. Таа  појава може да заврши само ако ако дадената единка се соочи со своето (не)дело го признае и го  искомуницира со другиот. Дури и библијата пишува дека “вистината ослободува”.

Од погорната анализа точно ќе видие каде сме ние како општество и од какви болести боледуваме. А очигледно боледуваме и ни треба лекување ( буквално како на доктор) оти ако не се лекуваме резултатот самите го знаете и  не треба да се чудиме ако тој резултат и го добиеме. Момент е на одговорност кон самиот себе и кон другиот. Мора да бидеме свесни дека на нашите простори живеат различни луѓе со различни емотивни и ментални потреби. И сите имаат право да се изразат. И младите средношколци кои за себе бараат некоја поразлична иднина од сегашнноста што им се сервира. И младите студенти, и работниците и земјоделците и разните етникуми и сите ние заедно, имаме право за една солидна, стабилна и креативна иднина, каде што нема да се плашиме од сопствениот збор, но и нема да го употребуваме како оружје за поткусурување на сметките.  На било каков купи-продај аранжман сега треба да се каже НЕ. На било каков притисок да се оди спроти сопствената воља, мора да се каже НЕ, затоа што сега во моментов ја градиме соптвената иднина и ја живееме сопствената сегашност.

Духовните учители велат дека тешка лекција е да се научи да се каже НЕ. Стравот од загуба од сигурната позиција која се освоила е голем но добробитта е огромна и поширока од ситната цел на конформизмот. Но одлуката е наша,на секој поединец, дали ќе се биде силен и свој или….одговорот си го знаете.

Пишува: Камелија Шојлевска

 

 

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести