„Слободен печат“: Уапсениот дипломат Миленкоски е роднина на Сашо Мијалков

„Слободен печат“ од свои извори дознава дека уапсениот македонскиот дипломат во Мисијата на ОБСЕ во Виена, Миле Миленкоски е во роднински врски со контроверзниот македонски бизнисмен и екс директор на УБК Сашо Мијалков, веќе осуден за повеќе кривични дела, а последниот актуелен случај е „Плацевите на Водно“.

Kaко што пишува „Слободен печат“, случајот поради кој Миленкоски е уапсен во Србија, а баран со меѓународна потерница од австриските власти, има позадина во безбедносните служби бидејќи станува збор за сомнителен транспорт на висок ерменски функционер, кој со помош на Миленкоски и уште двајца македонски дипломати е извлечен од Ерменија, со приватен авион, што македонската „тројка“ го обезбедила по свои канали.

Повеќе на линкот: „Слободен печат“

]]>

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести