Смогот е отровна комбинација која се појавува во големите градови и во зима и во лето. Најновите студии покажуваат дека смогот најчесто предизвикува рак на белите дробови а и на уринарните канали. Кој е излезот?
Зборот смог е комбинација од два англиски збора, smoke што значи чад и fog што значи магла. Смогот посебно го отежнува животот на двете светски метрополи Пекинг и Њу Делхи. Над густо населените градови се надви нечистотија во вид на смог како стаклен поклопец. Од него луѓето се разболуваат а во најлош случај и умираат. Според една студија на шангајската Академија за социјални науки, во однос на смогот, Пекинг е град кој не треба да биде населен со луѓе.
Ваква загаденост на воздухот настанува во зима кога област со низок воздушен притисок со студен воздух ќе се приближи на град како што е Берлин или Лондон. Така студениот воздух се проширува под затоплениот воздушен слој. Густината и тежината на студениот воздух е поголема од топлиот, така тој е присутен во котлините.
Топлиот воздух повторно како поклопец се шири над студениот. До размена на топлиот и студениот слој на воздухот речиси и не доаѓа. Оваа т.н. временска инвазија е прв услов за настанување на смогот. Она што е потребно е нечистотија а таа во секој голем град ја има во изобилие.
Со процесот на согорување до кој доаѓа во текот на возење на автомобил или во електраните, во воздухот се ослободуваат аеросоли. Така урбаните средини во текот на студените месеци се полнат со нечистотија, која не може да се апсорбира. Во тој случај се зборува за смог. Светската здравствена организација притоа како посебно опасни состојки на смогот ги наведува фините честички на прашина, озон, азотни оксиди и сулфурни диоксиди.
За овие четири составни делови на смогот СЗО постави дозволена граница на загаденост, за да го заштити населението. За време на зимскиот смог или т.н. Лондон смог, фината прашина има пресудна улога. Честичките на оваа прашина се толку мали што можат да се наталожат во белодробните меурчиња и дури да го нападнат и срцето.
Во текот на летниот смог, на жителите на градовите им се заканува опасност од интензивните зраци на сонцето, но и опасност од озонот. За да настане овој отровен гас без боја, вкус и мирис, воздухот мора да биде загаден. Азотните оксиди и јаглеводородот, кои пред се се состојки на издувните гасови кои во атмосферата ги испуштаат автомобилите, влегуваат во хемиска реакција со сончевите зраци. Резултат на тоа е настанување на озон.
Ризици кои ги крие загадениот воздух
– Многу луѓе не знаат колку смогот е опасен – вели Бенедикт Стеил за Макс Планк Институт по хемија во Мајнц. Од смогот, т.е. од болестите кои настануваат како последица на загадување на воздухот само во Германија годишно умираат 40.000 луѓе. Тој број е десет пати поголем од бројот на загинати во сообраќајни несреќи.
Но, за жителите на Њу Делхи или Пекинг, ризик за здравјето не е само загадениот воздух, туку и долгорочното оптоварување на дишните органи со ситни честички на прашина, азотни и сулфурни оксиди кои предизвикуваат хронични заболувања на дишниот апарат и секако рак. Ова последното е потврдено во извештајот за 2013 година кој го објави Меѓународната агенција за истражување на болести на рак (International Agency for Research on Cancer – IARC). Покрај рак на белите дробови зголемена е и опасноста од рак на уринарните патишта.
Ризикот од рак и други болести предизвикани од смогот и загадениот воздух, е поголем во сиромашните земји, од високо развиените индустриски земји во светот. – Повеќето штетни гасови доаѓаат во атмосферата со возење на автомобили или со работата на електраните. Поради тоа, треба да се премине на други видови на енергија или со соодветни системи на филтери и катализатори треба да се погрижиме за чисто согорување – вели Бенедикт Стеил. Во Пекинг во текот на 2000 година во атмосферата е пуштеном 2,7 милиони тони јаглен моноксид, што е повеќе од загаденоста во цела Португалија. Една друга анализа пак покажува дека 80 отсто од штетните гасови во Њу Делхи се настанати благодарение на терминалните електрани кои користат јаглен.
Градови како Берлин или Њујорк против загаденоста можат да се борат со создавање на еколошки зони и забрана за возење на автомобили во одредени денови како и изградба на јавна сообраќајна мрежа. Треба да се користат велосипеди што повеќе. Сето тоа секако не е доволно, но барем е добар почеток – заклучува Бенедикт Стеил.
]]>


