Луѓе, ви гарантирам, дека доколку дојде до промената на власта, во рок од 5 до 10 години оваа наша земја ќе се препороди, ќе се среди и бизнисот во таа таква средена средина има да се лансира како руска балистичка интерконтинентална ракета што секако ќе се одрази на платите во земјава!
Во моментов почетна плата на човек со високо образование во Македонија е околу 300е, додека менаџерите земаат околу 700е плата.
Со тие пари во моментов можете само да преживувате на чкрги, ништо не може да заштедите, ништо не може да инвестирате!
Нити во куќа нити во бизнис, нити во реновирање на наследена куќа, да не збориме па за викендици и слични заебанции, тоа се само соништа од комунизмот!
Но ако се среди земјава, ако се постават институциите цврсто на нозе, ако се ослободи бизнисот од малтретирање, ако се среди инфраструктурата, ако се поврзе земјава силно во НАТО и ЕУ, ако добиеме репутација во светски рамки за средена земја во кое владее законот и во која е безбедно да се инвестира, што значи кога ќе си подадеме рака со Албанците и ќе ги закопаме секирите засекогаш и кога ќе воспоставиме добри релации со нашите соседи и покрај недоразбирањата со нив, оваа земја има да се препороди!
Што значи тоа? Сите со високо образование во најдобар случај за 5 а во најлош за 10 години ќе земаат почетна плата од 1000е додека оние кои се на средно менаџерски позиции ќе земаат по 2-3 илјади евра плата!
Тоа значи сите под тоа ќе се дуплираат, значи молери, таксисти, келнери итн итн сите ќе земаат по 500 до 800 евра плата!
И кога ги ставам овие бројки свесен сум дека во период од 5 до 10 години ќе има голема инфлација и 1000е по 5 или 10 години нема да вредат колку што вредат сега, но јас кога ги давам овие бројки ги ставам од сегашна гледна точка колку вредат 1000е, што значи за 10 години платите кои ќе се земаат тогаш ќе бидат во сегашна вредност од 1000е а тогашни 1500 можеби, но ако сега напишам толкави суми нема да ми верувате, а сакам да ми верувате во ова што го пишувам затоа што навистина го мислам ова!
Значи, зборот ми е, по просто кажано, за 5 до 10 години, сите ќе имаме 3 пати поголем стандард на живеење, ако сега земаме по 300 до 500е плата на овие цени, за 5-10 години ќе земаме 2-3 пати повеќе пари на тогашните цени кои ќе бидат качени за 30-50 посто од сегашните.
А како ќе дојде до тие плати? Па бизнисите, мали, средни и големи, ќе почнат да билдаат профити, ќе почнат прво да се борат тука на домашниот пазар со странската конкуренција а ќе почнат и да го освојуваат регионалниот па и светскиот пазар.
Сега само Ренова, Макстил, Алкалоид, Тиквеш, Сивус, текстилците од Штип и другите градови, рударите од Каменица и Пробиштип и тутунарите од Прилеп, Битола и Радовиш и земјоделците од Струмица, Росоман и Преспа успеваат да извезуваат нешто надвор од земјава.
Но ако се среди земјава, нема да може да се избројат фирмите кои ќе теглат шлепери преку граница, производите ќе ни бидат иновативни, квалитетни, конкурентни со цена затоа што ќе се средиме со опрема, со огранизација, ќе измислиме нови сервиси, нови производи, нови технолошки линии, ќе се родат нови фирми кои ќе прават софтвер и хардвер, ќе акумулираме капитал кој ќе сака да се оплоди па ќе се бара работна рака повеќе, ќе се цени добриот работен кадар, ќе успееме да ги задржиме генијалците тука а не да ни бегаат по светот и да ствараат капитал за бизнисот во Англија или Германија или Америка или Австралија или Нов Зеланд…
Владата нема да краде, ќе има медиуми кои ќе ја пазат и критикуваат, ќе има судови и обвинителство, ќе има стопански комори кои ќе критикуваат и ќе даваат идеи, ќе има силно НВО општество, ќе има слободна уметност, ќе има хумор на мејснтрим медиите, ќе има живот бре живот ќе има!!!
Ќе бидеме побогати и посреќни, и никој нема да има потреба да краде и да се курва!
Ќе има работа за сите, нема да мора да се земаат партиски книшки, нема да има потреба од списоци и одење на митинзи. Македонија нема да може да си ја познаеме!
Ќе си се гордееме со земјата дечки!
Ќе бидеме среќни!
Нема да бараме работа и да влечеме куфери во туѓина!
Ајде да го срушиме режимот!
ЗА НАШЕ ЗАЕДНИЧКО ДОБРО!
Саше Ивановски, Мактел


